Човекот, кого го гледате на сликата, се вика Буњус Тала-Упара, и тој работи како обичен бармен на островот Ко Самуи во Тајланд.
Одејќи по плажата во летото 2018 година, шанкерот забележал еден необичен камен кој на прв поглед личел како да е направен од мек восок. Тој го зел своето откритие, го однел дома и го фрлил во дворот. Тој се обидел дури и да го запали, па супстанцијата почнала да се топи, а потоа со ладењето повторно се стврднала.
Пред неколку дена, 44-годишниот Тала-Упара го посетил еден пријател кој ја забележал оваа супстанција и рекол дека тоа би можело да биде килибар. Шанкерот одлучил да ја провери оваа претпоставка, па се обратил до Универзитетот во Бангкок. Пронајдокот го испитувал професор на факултетот за рибарство и потврдил дека навистина се работи за килибар.
Што е килибар? Тоа е цврста, запалива супстанца слична на восок која се јавува во дигестивниот тракт на китовите. Оваа супстанција е многу скапа и се користи во производството на скапи парфеми, затоа што помага во одржување на трајноста на мирисот. Овој „камен“ е проценет наа околу ПОЛОВИНА МИЛИОН долари, а барменот планира да го продаде и да се пензионира.