Фармер, милионер од Тајланд ветува 240.000 евра и целиот свој имот на „јунакот“ кој ќе се ожени со неговата 26-годишна ќерка. 58-годишниот Арнон Родтунг кој поседува просперитетна фирма за овошје во провинцијата Чумфон, јужен Тајланд, ја преземал иднината на неговата ќерка Карснита во свои раце.
Во неговата бизарна „понуда“, г-дин Родтунг истакнува дека неговата ќерка, која му помага да управува со семејниот бизнис, зборува течно англиски и кинески и е девица. Во некои делови на Тајланд, обичаите диктираат дека мажот треба да плати мираз за својата идна сопруга, но г-дин Родтунг вели дека ќе се откаже од оваа „такса“.
Наместо тоа, тој ќе му даде својот иден зет десет милиони тајландски бахти (околу 240.000 евра), како и неговата фарма во вредност од неколку милиони евра.
Арнон вели дека нема ограничување за тоа од која националност да биде зетот, само сака да биде чесен човек и да ја направи неговата ќерка среќна: „Сакам некој да се грижи за мојот бизнис и да направи да трае. Не сакам зет со диплома, или магистар или некој дипломиран филозоф. Сакам вреден човек. Некој со трудољубив став. Тоа е.“
И покрај тоа што има уште неколку други деца, вклучувајќи ги и синовите кои традиционално би требале да го наследат бизнисот, додава: „Штом ќе имам зет ќе се откажам од сите мои средства.“ Фирмата на Арнон процесира околу 50 тони овошје дневно и е најголема во регионот.
Неговата ќерка откако дознала за објавата на нејзиниот татко изјавила дека е воодушевена од нејзиното внимание, но дека е уште „сингл“ и дека парите кои би ги добил нејзиниот иден маж од нејзиниот татко таа би сакала да ги потроши на пластични операции во Јужна Кореја.
„Точно е дека сѐ уште сум сингл. Ако морам да се омажам со некого, јас само сакам да биде вредна и добра личност која го сака своето семејство.“, вели Карснита.