Google одбива да ја укине апликацијата на саудиската влада која им овозможува на мажите да ги следат и контролираат жените. Техничкиот гигант вели дека софтверот што им овозможува на мажите да ги следат жените ги исполнува сите нивни услови.
Апликацијата Absher ќе остане во продавницата на Google Play откако ревизијата откри дека не крши ниту едно од правилата на фирмата.
Апликацијата им овозможува на старателите да кажат каде можат да одат жените, колку долго можат да се задржат и кои аеродроми им е дозволено да ги посетат во исламистичката диктатура. Предупредувања се активираат ако жената напушти одредена област. Тоа е една од главните причини зошто жените ретко се обидуваат да избегаат од Саудиска Арабија, бидејќи постојат големи шанси да бидат фатени.
Absher ги советува мажите дека жените кои се во бегство можат да бидат уапсени додека се сѐ уште во земјата. На друга страница, старателот лесно може да види кои дозволи се активни и да ги менува доколку е потребно, а мажите добиваат SMS предупредувања кога жените ги користат пасошите.