Полицијата од Глазгов пронашла 19-годишна мајка, мртва во нејзиниот дом, а веднаш до неа бил и нејзиниот 5-месечен, дехидриран син. Девојката починала два дена пред да ја најде полицијата, но тие не би дошле до нејзиниот стан доколку нејзината отсутност на социјалните мрежи не предизвикала сомнеж.
Кортни Њуландс, секој ден објавувала по неколку фотографии од нејзиниот син. Но, откако ја немало на социјалните мрежи два дена нејзината мајка и сестра се загрижиле и бидејќи не живееле во ист град со неа, ја контактирале полицијата.
Кортни страдала од дијабетес тип 1 и се верува дека причината за нејзината смрт се компликации од истиот. Сепак точните причини сѐ уште не се утврдени.
5-месечното бебе по име Деклан било однесено во болница и за среќа освен што било дехидрирано немало други последици. Сега за него се грижи сестрата на Кортни која има две деца. Деклан бил роден само со еден бубрег, проади компликации од болеста на Кортни и поминал 2 месеци во болницата пред да им биде предаден на родителите.
Кортни живеела заедно со нејзиното момче и таткото на Деклан, но една недела пред нејзината смрт тие се скарале и тој го напуштил станот.