Во неодамна откриената тужба поднесена за време на бракоразводната постапка помеѓу Џони Деп и Амбер Херд откри дека Деп ја обвинувал неговата сега поранешна сопруга за афера со магнатот Илон Маск.
Во тужбата тој тврди дека Маск ја посетувал Амбер во доцните часови во нивниот семеен дом, додека Деп бил на снимање. Тој вели дека Маск бил присутен во нивниот дом и вечерта кога Амбер го обвинила, Деп за семејно насилство.
Амбер и Џони Деп се разделија во мај 2016 година. Претставник на Маск изјавил дека Илон и Амбер не почнале да се гледаат пред мај 2016 година туку нивната љубовна врска започнала по разводот. Адвокатот на Амбер изјавил дека ова е само очаен обид на Деп да ја замолчи Амбер.
Обвинувањата на Амбер биле побиени од двајца полициски службеници кои одговориле на повикот, неколку сведоци и 87 новодобиени видеа од камерите за видео надзор. Сепак амбер сѐ уште тврди дека била жртва на семејно насилство, а Деп смета дека ова го направила само за да добие на популарност.
Џони Деп и Амбер Херд биле во брак само 15 месеци. Според Деп аферата почнала само 2 месеци откако стапиле во брак и дека всушност Амбер била насилната личност, бидејќи фрлила кон него шише со вотка и му го исекла средниот прст по што морал да оди во болница за да му го сошијат.
Амбер пак објавила фотографија на која го „докажува“ наводното насилство од страна на познатиот актер.