Додека во околината на градот Удбина, една 98-годишна старица, со помош на соседите поставила уште еден котел за ракија во дворот, пристигнала екипата на Царинскиот сектор од Задар.
Оваа година една сиромашна баба ќе има мрачно сеќавање благодарение на хрватската бирократија која ги заплашува и ги напаѓа дури и основните елементи на културните и традиционалните аспекти на локалното население.
Бабата најпрвин на лице место добила казна од 500 куни, 54 литри ракија, а по некое време на нејзината врата пристигнала уште една казна во износ од 1.500 куни.
Бидејќи старата жена живеела сама, немало никој да ѝ ја разјасни правната постапка за дестилација на алкохол во домашни услови. Затоа таа морала на лице место да плати 70 евра, а подоцна и стигнала и казната од 200 евра.
Жителите на Крбавското поле не паметат кога некој бил толку ригорозно казнет за ваков прекршок. Многумина мислат дека треба да ѝ се „прогледа низ прстите“ на 98-годишната старица, која живее од минимална пензија.