Лилибет Бустаманте била фатена како се обидува да киднапира 10-годишно девојче. Таа ѝ раскажала на полицијата дека ѝ плаќаат 1.000 денари за да киднапира „атрактивни“ деца кои потоа ќе им ги предаде на филипинските банди кои ги препродаваат на педофили од странство за почетна цена од 60.000 денари, во зависност од „убавината“ на детето.
„Јас само ги земам, тие ги продаваат. Тие ми даваат само илјада пезоси. Јас го испраќам кај моето семејство во Миндоро.“, изјавила Лилибет. Во интервју за локалните медиуми, таа открила како нејзината група киднапирала млади момчиња и девојки да ги продавала на странските „купувачи“, кои ќе ги силуват додека ќе ги емитуваат онлајн и ќе им наплаќаат на педофилите за да ги гледаат.
Полицијата на Филипините побарала од родителите на исчезнати деца да се појават во полициските станици за да се утврди за колку точно жртви станува збор. Апсењето дава вознемирувачки увид во широко распространетиот проблем со киднапирањето деца на Филипините.
Неколку дена откако била уапсена Лилибет била уапсена и втората жена која работела со неа, додека се обидувала да киднапира девојче. Истрагата сѐ уште е во тек и не е определено колкава казна затвор ќе добијат двете жени.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!