ВАЗ-1111Е е руски експериментален мал модел на електрично возило, создадено врз основа на мини-автомобилот Ока. Произведен е во фабриката на Лада, АвтоВАЗ во далечната 1992 година.
Автомобилот имал 3 никел-кадмиумски батерии со вкупна тежина од 315 килограми. Едната се наоѓала под хаубата, втората под седиштето, а третата во багажникот.
Со едно полнење на батериите автомобилот можел да достигне брзина од 40 km/h и да помине 110 километри. Времето за полнење било 8 часа од нормален приклучок за домаќинство 220 V.
Високата цена на батериите, која изнесувала 70% од цената на целиот автомобил, како и голем број на недостатоци својствени за електричните автомобили, не дозволиле автомобилот да започне да се произведува сериски.