Било мирно неделно попладне во германскиот град Бентхајм, кога две девојчиња слушнале како некое животно цивка.
Кога погледнале кон земјата забележале прилично дебел стаорец кој се заглавил во отворот на шахтата. Затоа тие решиле да повикаат пожарникари.
На местото на настанот дошле ни помалку ни повеќе 9 пожарникари, кои почнале да кројат планови како да го извадат канализацискиот стаорец, кој очигледно се покајал што јадел толку за празниците.
За среќа на стаорецот пожарникарите успеале да го извлечат и потоа го пуштиле повторно во неговиот сакан дом… канализацијата.
Пожарникарите си заминале среќни, што спасиле живот, а да се надеваме дека стаорецот нема повторно да сака да излезе од шахтата или барем првин ќе испроба некоја нова диета, пред да го направи овој потег.