28-годишната полицајка успеа да победи дури 9500 други учеснички и да ја освои главната титула.

Надин Бернајс доби награда автомобил, како и можност да патува во различни земји во светот претставувајќи ја Германија во текот на целата следна година.

Од сцената, девојката одржа говор за тоа како на 18-годишна возраст се осамостоила, се преселила во сојузната држава Баден-Виртемберг и сама постигнала сè во својот живот.

„Јас ќе ги советувам сите да го сторат истото: Да ја напуштат куќата во раните години, за да научат како е да се живее независeн без помош на родителите. Јас работam во полиција веќе десет години и никогаш не сум жалелa“, објасни Надин Бернајс.

Сподели на Facebook
пати видено