Лоциран по течението на реката Колорадо во северна Аризона, Големиот Кањон е Национален парк на САД, како и несомнено светската геолошка карактеристика што го одзема здивот. Со должина од 446 километри Кањонот ја прослави својата стогодишнина како Национален парк на 26 февруари 2019 година.
Сепак паркот е помлад од Роуз Торфи, член на „Програмата за помлади ренџери во Националниот парк Големиот Кањон“. Роузи има 103 години и станала „Шкорпија“ во јануари кога со семејството го посетила кањонот. Оваа официјална титули им се доделува на сите оние кои даваат заклетва дека ќе бидат ренџери.
„Ветувам дека ќе откријам сѐ што можам за Националниот парк Големиот Кањон и да ги споделам моите откритија со другите. Се залагам да уживам и да го заштитам Големиот Кањонот и сите национални паркови и да бидам пријател на мојата планета Земја.“, ветила Роузи.
„Моите родители ме научија да се грижам за земјата, но не сите деца го имаат тоа.“, вели Роузи. Таа ужива во друштвото на нејзиното големо семејство: нејзините три деца, девет внуци, 18 правнуци и 10 пра-правнуци и се надева дека и на нив ќе им ја пренесе љубовта за природата, така што и тие еден ден ќе помогнат да се заштити Кањонот.
Една од внуките на роузи веќе работи во Големиот Кањон, што покачува дека 103-годишната жена добро ѝ влијае. Посетата во јануари не била прва за Роузи.
Таа пред 30 години го посетила Кањонот, со сега нејзиниот покоен сопруг. Иако била во инвалидска количка таа сепак сакала да го види погледот од работ.