Секој барем еднаш се соочи со загатката или задача која не можел да ја реши при првиот обид. И доколку не пронајде решение и при вториот и третиот обид, најверојатно ќе го побара решението на интернет. Познато ви е?
Инспирирани од загатките кои им одат на нерви на корисниците на социјалните мрежи ви подготвивме загатки кои ќе ве натераат добро да размислите пред да го дадете одговорот, а доколку не успеете да свртите на наредната страна и да се уверите во вистината.
1. Момчето со сончогледот
2. Градинарот и 49 дрвја
Во градината има 49 дрвја. Градинарот решил дека има премногу и решил да исече дел од нив. Тој ангажирал дрвосечач и му дал задача: да остави 5 реда по 4 дрва во секој. Кога била завршена работата, градинарот дошол да го оцени резултатот и бил вознемирен: дрвосечарот исекол 39 дрвја, оставајќи само 10. „Зошто сте ја намалиле речиси целата градина?“ – прашал градинарот. „Од вас беше побарано да оставите 20 дрвја“. „Не“, одговорил работникот. „Наредивте да оставам 5 редови по 4 дрвја во секој, а така и направив.“ Градинарот бил изненаден, но се осигурал дека од останатите 10 дрвја се формирани 5 редови по 4 дрва. Како успеал дрвосечачот да го стори тоа?
3. Најдете го бројот кој недостасува
4. Шифра за заклучување
5. Во кој правец се движи мачката?
Решенијата се на втората страна.
Решенија:
1. Момчето со сончогледот
Пар патики = 10
Момчето = 5
1 фишек сончоглед = 2
Обрнете внимание на чевлите на момчето. Да, се работи за патики. Со нив, правилната равенка изгледа вака: 5 + 19 × 2 = 43.
2. Еве како дрвосечачот успеал во тоа:
3. Ова е навистина едноставна табела ако ја читате хоризонтално. Бројот во средината е збир на броевите кои се наоѓаат лево и десно. Ова значи дека бројот 13 треба да биде на местото на прашалникот. Сепак, многу луѓе ја читаат табелата вертикално.
4. Според првиот совет, бројот 2 треба да биде на трето место, бидејќи, според советите бр. 2 и бр. 4, бројот 6 не може да биде на прво место, а воопшто нема број 8 во шифрата. Бројот 4 треба да биде на второ место, бидејќи советот бр. 2 покажува дека има еден точен број, но не е на свое место.
Во согласност со совети бр.3 и бр.5, 0 не може да застане на второ или трето место, според тоа, ќе стои на прво место. Така, го добивме кодот 042. Ако ја решивте оваа загатка без наша помош, веројатно сте генијалци.
5. Се чини дека нема човек кој не ја видел оваа фотографија. Но корисниците сè уште не можат да се смират, изразувајќи ги своите мислења за прашањето, каде оди оваа мачка: нагоре или надолу? И решивме да ги разгледаме аргументите.
Решение број 1: Мачката оди нагоре
- Едниот крај на скалите изгледа како под.
- Премногу стрмни скали, ако замислиме дека просторот во позадина не е подот, туку таванот.
- Одејќи надолу, мачките скокаат на двете предни шепи, а во фотографијата една од нозете е напед.
Решение број 2: Мачката се спушта надолу
- Кога мачките се спуштаат, тие ја подигаат опашката за рамнотежа.
- Судејќи според сенката што паѓа од мачката, изворот на светлина е на врвот.
- Мачката гледа надолу. А ако се качува ќе гледа надоле.
Еден од најмоќните аргументи беше предложен од страна на корисникот, кој го привлече вниманието на испакнатоста на скалите. Тој смета дека овие прагови укажуваат на тоа дека горниот дел од скалилата на фотографијата е скриен, што значи дека гледаме скали кои водат кон нагоре. И ако е така, мачката навистина оди надолу.
Ние се согласуваме со теоријата за скалите. А кое од двете решенија е поблиску до вистината, според вашето мислење?