Ова е срцезатоплувачката приказна за д-р Родриго Фереира Гомез, од Итапаје, Бразил. Откако, 31-годишниот лекар бил отпуштен од работа, тој пронашол друг начин за да им служи на своите пациенти. Оваа приказна ни покажува дека, колку и да е тажна и комплицирана ситуацијата, ништо не може да нѐ спречи да правиме нешто што го сакаме.
Откако пристигнал на работа еден ден, Родриго се изненадил кога во неговата канцеларија имало друг лекар. Подоцна дознал дека администрацијата на болницата го отпуштила.
„Кога пристигнав на работа, во мојата канцеларија имаше друг лекар и никој не ме информираше за оваа одлука“, вели Родриго.
Лекарот по општа медицина, работел во болницата веќе 6 години. Тој сфатил дека не може да ги остави своите пациенти без надзор и нашол решение за овој проблем.
Тој ги уверил своите пациенти дека ќе се врати. Тој потоа земал маса и солче, ги ставил пред болницата и почнал да обезбедува грижа за пациентите кои чекале во ред.
„Моите пациенти ме чекаа, па им реков дека сум отпуштен. Ги уверив дека ќе се погрижам за сите нив и ги замолив да почекаат, отидов до мојата куќа, земав маса и столче и се вратив.“, вели лекарот.