Еден човек отишол да му направат рентгенска снимка на клиника. По снимката докторот го повикал и загрижено му рекол:
– Имате многу сериозен проблем, еве гледајте тука, во белиот дроб имате лебарка. Мора итно да заминете на операција во Германија.
Собрал нашиот сѐ што има заштедено, продал и некоја нива и отишол во германската болница. По прегледот германскиот доктор му рекол:
– Белиот дроб Ви е совршено здрав. Лебарката е во македонскиот апарат за рентген.

Сподели на Facebook
пати видено