Гледајќи ги прекрасните фотографии, може да ни се чини дека Јапонците живеат во стари куќи или во луксузни современи станови. Но, не секој може да си го дозволи тоа.

Обичните жители на земјата на изгрејсонцето изнајмуваат „апато“, станови достапни за изнајмување на средната класа. Погледнете како изгледа класичен јапонски стан, што сѐ може да се смести во него, колку чини и како да дојдете до неговото изнајмување.

Договор за закуп

Тешко е да се склучи договор за изнајмување без жирант од Јапонија. Ако сепак успеете да најдете сместување без него, тогаш не треба да очекувате идеални услови за живеење. Јапонците често бараат во станот да живее само едно лице, па дури и кога станува збор за брачен пар. Речиси секогаш становите кои се изнајмуваат се празни, освен кујната.

Минималната висина на таванот во просториите изнесува 2.05 метри, во просек од 2.10 метри. Но, во исто време, отворите на вратите се многу пониски, и се високи околу 1,7 метар. Ретко се дозволува да се чуваат миленичиња во станот, а доколку се дозволува се зголемува цената за киријата.

Цена за изнајмување

Киријата со исклучок на комуналните услуги и интернетот по сегашниот курс е:

  • 470 евра за мал еднособен стан, без ходник, посебна кујна и мала комбинирана бања. Исто така има и голем (според јапонските стандарди) балкон.
  • 685 евра за двособен стан со голема кујна, ходник и посебна бања.

Просторот пред домот

Обично има место пред зградата да се остави велосипед и мопед. Но автомобилите се оставаат само на платен паркинг. Затоа, во Јапонија, кога купуваат автомобил, од нив се бара да обезбедат доказ дека имаат паркинг простор. Често секој стан има две поштенски сандачиња: на главните врата и до станот.

Ѕидови

Јапонските куќи имаат многу тенки ѕидови. Но, особено ѕидовите не ја инспирираат довербата за време на моќните тајфуни, тогаш се чини дека целата куќа се тресе.

Ходник

Веднаш зад влезната врата во секој јапонски стан ќе има мал праг каде што треба да ги оставите чевлите. Потоа можете да влезете боси или во собни папучи.

Секој стан има видео домофон, а во текот на ноќта свети сијалицата над влезот. Затоа, секогаш знаете кој дошол.

Кујна

Во Јапонија, дури и во поголемите станови, се обидуваат да заштедат простор колку што е можно повеќе. Затоа, во кујнскиот агол сè е многу компактно. Во мијалникот може да се инсталираат неколку филтри, така што дури и најмалите делови од храната не паѓаат во цевките. Често постои место во кујната за отпадоци, каде што Јапонците секој ден го сортираат и фрлаат ѓубрето.

Исто така има и необични апарати за домаќинство, а микробрановите во Јапонија се отвораат од врвот кон дното.

Бања

Бањите во становите најчесто се комбинирани. Тие се прилично мали, но во нив можат да се најдат паметни ВЦ-школки и други современи направи. Голема реткост е да се добие посебна бања, а тогаш киријата е многу поголема. Во вакви апартмани, бањата може да биде херметичка, а тушот не е подвижен туку е поставен точно над подот каде што се наоѓа главниот одвод.

Јапонците се љубители на разни сензори и индикатори. Во секој стан секогаш ќе има еден пред бањата – го контролира бојлерот. Секој пат кога ќе сакате да се туширате или да ги измиете садовите треба да ја поставите температурата на која сакате водата да се загрее. Ова се должи на фактот дека во земјата нема централно греење.

Дневна соба

Најчесто дневната соба не е одделена од кујната и служи како спална соба. За да заштедат простор Јапонците спијат на душеци.

Патем, во модерни апартмани постои специјален далечински управувач за осветлување. Со него можете да го исклучите светлото без да станете од кревет.

Ако има доволно простор, во дневната соба пред телевизорот може да се стави тросед илид восед и мала масичка.

Прозорците

Најчесто прозорците во Јапонија се матирани поради тоа што зградите и куќите се многу блиску една до друга и само на овој начин може да се сочува приватноста. Покрај тоа во сите прозорци е вметната заштитна мрежа која во случај на земјотрес, не дозволува остри фрагменти да летаат во станот.

Балкон

На сликата погоре, балконот е атипично голем за еден јапонски стан, понекогаш тие складираат непотребни работи таму.

Скалила за итни случаи

Ако во станбена зграда од 3 спрата нема фиксни скали за итен случај, секој стан треба да има вакви монтажни скалила.

Сподели на Facebook
пати видено