Кармен Леон де ла Бара и нејзиниот сопруг Антонио секој ден, откако се преселиле во Австралија во 1995 година, оделе на плажата и заедно го гледале зајдисонцето. За жал во изминатите 3 месеци Кармен не била повеќе во можност да го направи тоа.
Таа е борела со рак на дебелото црево, кој преминал во финалната фаза. Сепак, оваа сопруга, мајка и баба не престанала да зборува за тоа колку ѝ недостасува плажата.
Затоа нејзините деца и сопругот ги замилиле болничарите заедно да ѝ ја исполнат оваа желба и за последен пат да го види зајдисонцето на плажата, заедно со нејзиниот сопруг. Завиткана во ќебе и со термост со чај во раката жената родена во Чиле седела и го гледала заоѓањето на Сонцето. До неа бил нејзиниот сопруг, а околу нив нивните деца и внуци.
Ќерката на Кармен, Татијана, вели дека нејзината мајка била свесна каде се наоѓа и на нејзиното лице имало спокојна насмевка. Семејството вели дека штом ја побарале услугата од болничарите тие веднаш прифатиле со нивното возило да ја пренесат Кармен.
Потоа Кармен била префрлена во нејзиниот дом, каде што опкружена со нејзините најблиски, починала по 2 дена, од исполнувањето на нејзината последна желба.