Вработените во машкиот затвор кој се наоѓа во округот Шервуд во Нотингем, Обединетото Кралство, открија еден многу невообичаен начин за шверцување на опојни дроги во затворот. Додека ги проверувале работите кои затворениците ги внесуваат кога некој ќе им дојде на посета и ќе им донесе нешто, забележале една книга со Хари Потер со чудни страници, кои личеле како да се од рачно изработена хартија.

Полицајците ја заплениле книгата, ја дале на испитување, а резултатите покажале дека листовите на книгата се направени од наркотична супстанција. Но, како ги користеле затворениците? Тие едноставно ги кинеле страниците од книгата на ленти, ги виткале и ги пушеле.

Сподели на Facebook
пати видено