Урбанистан е софистициран фото есеј за првичната човечка природа и човечките вредности, есеј кој преку фотографија ја истражува урбаната околина на светот во развој. Ги истражува точките кадешто луѓето и заедниците се развиваат и испреплетуваат во урбаното човештво.
Во секоја од моите фотографии може да се почувствува вечно спокојство, без разлика на тоа каде се снимени. Нѐ учат за реалноста на далечните места… Ме интересира човечката раса и како таа е дефинирана од различните места кои ги населува. Сакам да ја раскажам приказната за тивката гласност на границата на егзистенцијалниот, религискиот, економскиот и геополитичкиот хаос. Моите фотографии го откриваат поединецот кој е поважен од религиските светии основани на тие места, поединец кој живее во рамките на заедница на луѓе на која тој или таа им принадлежи или им се спротивставува. Дури и кога ќе го тргнеме погледот од фотографијата и ги затвориме очите, сѐ уште ја слушаме животната приказна на тој поединец.