Нашиот живот се состои од различни настани, од кои секој има одреден ефект врз нашата иднина. Понекогаш овие настани стануваат почетна точка за светската историја, принудувајќи ја да оди во една или друга насока.
На пример, еден медицински експеримент тргнал во погрешен правец и донел револуција во текстилната и модната индустрија и каква врска имаат млекарите со вакцините против големи сипаници.
Погрешен експеримент и виолетовата боја
Сер Вилијам Хенри Перкин како студент по хемија работел на создавање на вештачки кинин – лек за маларија. Но, експериментот не успеал во тој правец. Тој бил причина за револуционерен напредок во областа на синтетичките и полусинтетичките материјали. Особено, боите, бидејќи до тоа време само природните пигменти биле користени за боење ткаенини. Во 1856 година, светот ја видел виолетовата боја. 20-годишниот Перкин отворил фабрика и почнал да ја продава бојата.
Едвард Џенер и непознати млекари ги поставиле темелите на безбедна вакцинација
Џенер, англиски лекар и научник, забележал дека молзачките на крави кои добивале кравји сипаници, не заболувале од големи сипаници. За да ја разоткрие „мистеријата“ тој намерно му го пренел вирусот на кравји сипаници на Џејмс Фипс, детето на неговиот градинар, користејќи гној од меури од раката на молзачката Сара. Подоцна му инјектирал големи сипаници на момчето, но тоа било имуно на болеста. Џенер го нарекол процесот – вакцинација ( од „vaccinia” латинско име за кравји сипаници. Вакцинирањето се раширило по цела Европа.
Меурчиња од пиво и газирана вода
Набљудувањето и љубопитноста довеле до друго откритие. Џозеф Пристли спровел научен експеримент во процесот на правење пиво, поставувајќи над нив резервоари полни со вода. Значи, научникот успеал да добие јаглероден диоксид во најчиста форма. Првото шише газирана вода се појавило во 1767 година. Тогаш таа не содржела никакви адитиви. Неколку години подоцна, Присли во Кралското научно здружение го покажал својот извештај за придобивките од овој пијалок и неговите можни формулации.
„Гасот за семеење“ и анестезија
Американскиот стоматолог Хорас Велс бил сведок на необичните својства на азотен оксид. По добивањето на рана под влијание на гасот, луѓето не чувствувале болка. По серија експерименти, научникот бил убеден во неговите заклучоци. Во 1845 година, методот бил презентиран пред медицинската заедница, но без успех. Изабраниот пациент бил имун на гасот. За жал, овој тип на анестезија за време на животот на Велс не станал познат. Но потоа се здоби со признание и стана честа појава во стоматологијата.
Растение и лепенките
Еден ден по прошетка со своето куче, Жорж де Местрал забележал дека имало чичка на неговите панталони. Откако го проучувал неговото откритие под микроскоп, научникот решил да го искористи. Во 1955 година, бил издаден патент за производство на првите лепенки.
Надзор на производството и откривањето на јодот
Францускиот претприемач Бернард Куртоа во неговата фабрика бил сведок на виолетови облаци од пареа со иритирачки мирис до солзи. Доаѓајќи на ладна површина, тие се претварале во темно обоени кристали со метален сјај. Во 1813 година ова откритие било напишано во научно списание. Подоцна, неколку хемичари ќе ја проучувале и опале оваа супстанција подетално, давајќи ѝ го името – јод. Ова било овозможено од невнимателното додавање на повеќе сулфурна киселина во составот за време на производството на нитрати.
Чин на милост и војната која го зафати целиот свет
За време на Првата светска војна, на 28 септември 1918 година, британскиот приватен војник Хенри Тандеј се сретнал со уморен и ранет германски војник во француското село Маркиз. Подоцна, Тандеј рекол дека едноставно не можел да го убие ранетиот човек. Овој војник бил Адолф Хитлер. Постои само теорија за оваа можност. Хитлер во 1937 година, гледајќи некои фотографии, заклучил дека најодликуваниот британски војник од Првата светска војан, Хенри Тандеј бил војникот кој му го поштедил животот. Во 1937 година, кога британскиот премиер Невил Чембрлен бил во посета на нацистичката канцеларија за да се договори Минхенскиот договор, Хитлер му ја раскажал приказната и побарал од премиерот да пренесе поздрав до Тандеј.