Ли Едвардс и Џена Крозиер од Виган, Англија, земале пакет наменет за нивната сосетка. Тие го ставиле зад вратата за да ѝ го дадат кога ќе бидат во можност. Но, нивниот лабрадор Бони имал други планови. Палавото куче ја пронашло кутијата и решило да провери што има внатре, а кога неговите сопственици забележале што направило се вцрвиле од срам.
Кога Ли забележал дека неговото куче се игра со нешто првин помислил дека станува збор за играчка за кучиња, но кога се приближил сфатил дека станува збор за розево дилдо, кое сосетката очигледно си го порачала од интернет. Ли, кој е татко на две деца и тренер на кучиња, вели дека Бони дури делувала „гордо“ и сакала да и ја фрли „играчката“ за да може да ја донесе. Сепак Ли и Џена ја спакувале играчката во друга кутија и подоцна ѝ ја дале на сосетката.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.