28-годишната Британи Замора наставничка на 6-то одделение е уапсена поради злоупотреба на 13-годишно момче, кое било нејзин ученик. Додека ја носеле кон полициското возило Британи побарала од полицајците да ѝ ја стават косата пред лицето за да не ја фотографираат новинарите и им кажала дека нема да преживее во затвор бидејќи е „многу ситна“.

Врската помеѓу Британи и нејзиниот ученик била откриена од страна на родителите на момчето кои приметиле дека нивниот син се однесува чудно. Тие преку апликација за родителски надзор му го провериле телефонот и откриле експлицитни фотографии кои му ги праќала професорката и љубовни и сексуални пораки. Кога се соочиле со момчето и го прашале дали имал сексуален однос со професорката тој одговорил потврдно, а тие веднаш ја пријавиле Британи во полиција.

Според пораките Британи исто така му пружала на ученикот орален секс во училницата кога немало никој, како и во нејзиниот автомобил. Во пораките професорката и ученикот си пишувале дека си недостасуваат и дека им е жал што не можат да бидат постојано заедно.

Британи исто така му пратила порака во која пишувало: „Знам душо, те посакувам секој ден, кога би можела да дадам отказ и да имам секс со тебе секој ден би го направила тоа.“

Сопругот на Британи, со кој е заедно од нејзината 16-та година тврди дека неговата сопруга е најдобрата личност која ја познава и дека таа не би направила такво нешто. Сепак родителите на момчето велат дека тој им се јавувал по телефон и ги молел да ја остават неговата сопруга на мира, бидејќи направила грешка.

За врската помеѓу професорката и ученикот имало и претходни шпекулации низ училиштето и учениците во неколку наврати им споменале на останатите наставници дека најверојатно Британи и 13-годишното момче се во „врска“, но во тој момент озборувањата не биле сериозно сфатени.

Сподели на Facebook
пати видено