Дарја Пушкарева, позната фотографка од Русија, го оставила својот убав и луксузен живот во Москва и се преселила … во шумата. Таму, со нејзиниот сопруг, таа сака да создаде прекрасен живот за кучињата што биле напуштени, кои се постари и немаат можност за среќен живот на друго место.
Дарја Пушкарева работела на полето на филмот и фотографијата во Москва неколку години и станала прилично позната личност во оваа област. Нејзиниот живот бил исполнет со чести посети на ресторани, бројни состаноци, скапа облека, луксузни патувања и, се разбира, работа. Многу работа. Но, сонувала за други работи …
Кога во училиште, како мала, ја прашувале што сака да биде кога ќе порасне, таа им одговорила дека сака да управува со засолниште за кучиња. Но, всушност таа многу се плашела од кучињата. Секогаш кога ќе видела дека некое куче оди кон неа ја преминувала улицата, а тоа го правела дури и кога станала возрасна. Но, нејзината љубов кон кучињата, иако била апстрактна, станувала посилна и посилна. Таа отсекогаш сакала да има барем едно куче.
Сепак на крајот стравот на Дарја од кучиња исчезнал. На крајот на еден работен ден колегите подготвиле скара и од никаде се појавило куче, тогаш Дарја од страв се поместила, но еден нејзин колега почнал да го гали животното. Дарја тогаш го прашала: „Зарем не се плашиш дека ќе те гризне?“, а тој ѝ одговорил: „Зошто да ме гризне, очигледно е дека е добро момче.“ Тогаш нејзниот страв исчезнал ѝ си дала нова цел во животот.
Бидејчи Дарја имала многу обврски немала време да има свое куче, па затоа понекогаш волонтирала во засолништа за кучиња. Еднаш таа видела реклама во која се бараат 200 долари за операција на окото на едно куче. Дарја се јавила со цел да им ги даде парите заедно со нејзиниот сопруг, но добила одговор дека нема кој да го однесе кучето на лекар.
Тогаш тие донеле одлука да го излекуваат кучето и да го посвојат. По првото куче вендаш дошле уште 6 кучиња кои Дарја ги пронашла на патот, на работа или преку засолништата за животни. Но, откако во нивното семејство дошло 7-мото куче сѐ се променило.
Кучето било агресивно поради повреда на главата и лекарите ѝ предложиле да го успијат. Дарја не можела да го дозволи тоа и решила да го чуваат кучето во голем кафез, но за тоа им требала куќа со голем двор.
Така Дарја и нејзиниот сопруг се преселиле во едно предградие. Но, не останале долго тука, големиот број на кучиња почнал да ги вознемирува соседите и Дарја сфатила дека единствениот начин да добијат мие е да се преселат надвор од цивилизацијата.
Така таа и нејзиниот сопруг купиле земјшите во шумата, каде што тогаш немало ниту вода ниту струја. Тие изградиле големи куќички за кучињата. Во зима тие скијаат од патот и назад со вреќи со месо и гориво за генераторот. Но, најважно е дека кучињата се среќни и повеќе не пречат никому.
Сега Дарја и нејзиниот сопруг имаат над 100 кучиња. Тие живеат на топли места. Кучињата јадат месо и риба секој ден и имаат голема територија за шетање. Некои од нив се движат во инвалидски колички бидејќи нивните коски се оштетени, а некои сакаат да спијат блиску до радијаторите, бидејќи стареат. Дарја исто така почнала да чува и повредени лисици.
На Дарја често ѝ поставуваат 2 прашања. Првото е: „Од каде доаѓаат парите за грижа за животните?“ За среќа Дарја сѐ уште работи во фотошоп и има богати клиенти од минатото кои ѝ плаќаат за уредување на фотографии. Исто така, нејзините пријатели и други луѓе ѝ помагаат.
Второто најпопуларно прашање што го поставуваат е: „Зошто?“ Овој одговор за Дарја е очигледен: „За нивните среќни очи“, вели таа.