Тревис Кауфман трчал по планинската патека на Форт Колин, Колорадо и одеднаш слушнал шушкање од зад грмушките. Тој не очекувал дека веднаш зад него ќе види планински лав.

31-годишниот маж првин се „заледил“ од страв, но откако животното скокнало врз него и го турнало на земјата тој вели дека неговиот „заледувачки страв“ се претворил во „борбен страв“ и така тој започнал борба со планинскиот лав, во која за среќа тој излегол како победник.

„Одеше кон моето лице, па ги кренав рацете за да го блокирам и тогаш ме фати за зглобот и оттаму почна да ме напаѓа и по лицето и вратот.“, вели Тревис. Со многу адреналин Тревис се борел со големата мачка, успеал да ѝ ја удри главата со камен и се обидел да ѝ го прободе вратот со гранчиња. Додека се бореле завршиле дури на јужниот дел од патеката.

„Јас бев во можност да ја префрлам мојата тежина и да ја ставам мојата нога на вратот на животното, го притискав со ногата и токму кога помислив дека е готово тоа повторно ме изгреба со канџите, но неколку минути потоа престана да се движи.“, додава Кауфман.

Откако сфатил дека планинскиот лав е мртов тој вели дека во него се појавила неверојатна сила од страв дека во околината има уште еден предатор и трчал 5 километри до паркот каде што пронашол уште еден човек кој му помогнал да стигне до болницата.

Тој претрпел бројни рани како и исеченици на неговиот нос и образи за кои биле потребни околу 20 конци. Експертите велат дека Тревис имал голема среќа што преживеал бидејќи планинските лавови имаат прилично незабележлив начин на напад и најчесто одат директно на вратот за побрзо да го убијат „пленот“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено