Дали некогаш сте размислувале зошто одредени бои се поврзани со специфични чувства и емоции? На пример како се појавиле изразите „позелене од злоба“, „поцрне од тага“ или „поцрвене од лутина“? Многу години научниците барале врска помеѓу перцепцијата на бојата на една личност и нејзината ментална состојба. И во тоа време имало интересни теории за оваа тема.

Во средината на дваесеттиот век, научниците откриле поврзаност помеѓу човечките емоции и различните бои. Експериментот покажал дека овој пристап е релевантен за чувствата поврзани со спомените. Според истражувачите, дури и ако самиот човек сѐ уште не одлучил за својот став кон она што се случило, неговиот потсвесен ум сигурно знае дали е позитивно сеќавање или негативно. Ви препорачуваме да ја проверите теоријата на себе. Размислете за некој настан од вашиот живот и изберете ја бојата што е најмногу ве поврзува со него.

Црвена

Ако ја одбравте црвената врата, тогаш, според истражувачите, имате многу силни сеќавања кои секогаш се позитивни. Неочекувана средба со драга личност, радост, момент на љубов – сето ова може да ја поттикне црвената боја.

Жолта

Жолтата ја бираат луѓето со помалку оптимистични сеќавања, но сепак спомени исполнети со позитивно расположение. Светли и едноставни мисли поврзани со секојдневни работи, ккао што е насмевката на минувачот, помошта од колегата, цветот на прозорецот.

Зелена

Ако вашиот избор падна на зелената врата, тогаш настанот за кој размисливте носи малку тага: мали пречки и прекршоци што предизвикуваат духовна непријатност. Подсвесниот ум го класифицира споменот кој е вашиот избор како не многу пријатен.

Сина

Сината врата ги крие најмрачните моменти, кои ви го притискаат срцето. Таквите мисли можат да ја трауматизираат психата, да предизвикаат несоница. Единствената правилна одлука во овој случај е да ги заборавите овие настани колку што е можно побрзо.

Патем, истите заклучоци биле донесени за време на истражување со деца. На децата им биле дадени боици и било побарано од нив да нацртаат нешто среќно и нешто тажно. Одлуката за боја кај децата од различни земји се совпаднала. За убавите работи тие избрале топли бои како што е црвената и жолтата.

Сподели на Facebook
пати видено