Понекогаш животот знае да биде суров и да одземе дел од нашата верба за подобро утре. Но, сепак, животот е едно долго патување на кое што препреките се работи кои се надминуваат, а не работи кај кои се застанува.
Овие 15 мудри цитати ќе ви помогнат да си ја вратите самодовербата или пак едноставно да си потврдите дека се движите во вистинскиот правец во животот.
„Животот не нѐ казнува. Тој нѐ учи. Животот е серија на потребни лекции кои следат една по друга во совршена секвенца. Кога нема да успееме да ја научиме лекцијата, мора повторно да ја повториме … и повторно! И штом ќе ја научиме, доаѓа следната. Лекциите никогаш не завршуваат!“
Ендрју Метјус, „Следете го своето срце“
„Ако нема пат за запад, одете на исток. Земјата е круг и порано или подоцна, ќе стигнете таму каде што сакате да бидете.“
Елчин Сафарли, „Кога би знаел“
„Работите не се секогаш такви како што изгледаат. Но мора да веруваме дека сѐ се случува за наше добро. Еден ден, ние самите ќе го сфатиме тоа. Кога ќе дојде времето.“
Од „Секогаш постои надеж. 150 цитати за Уметноста на Животот“
„Секој ден кога ќе се разбудите, помислете: ‘Јас сум жив. Среќен сум што го имам овој скапоцен човечки живот. Јас нема да го потрошам залудно.“
Далај Лама, Дезмонд Туту, „Книгата на радоста“
„Кога ќе престанете да трчате, времето и животот ќе добијат ново значење.“
Од „Икигаи. Тајните на Јапонија за долг и среќен живот“
„Среќата е комбинација на можност и подготовка. Ако не сте подготвени да ги искористите вашите можности, тогаш не очекувајте да успеете.“
Лари Вингет, „Луѓето се идиоти и можам да го докажам тоа“
„Дури и многу малку нежност е доволно да ги уништи повеќето недостапни ѕидови на душата.“
Френсис Миралес, „Љубов со мали букви“
„Сè што им е потребно на децата се љубовта, вниманието и грижата. И тие се апсолутно бесплатни!“
Олга Маховска
„Најголемиот предизвик во животот е да уживате во сè и да не се приврзувате кон ништо.“
Ендрју Метјус, „Следи го своето срце“
„За брановите во вашиот живот да не се претворат во катастрофално цунами, мора да имате вистинска и здрава основа во вашата душа и да не дозволувате да ве залажат навредите, злобата, љубомората и гневот. Ова може да биде смртоносно за вашиот живот.“
Владимир Чеповји, „Раскрсница“