– Жено, дојди тука, тука до мене. Пипни го. Виде ли колку е тврд?
– Пааа да!
– А, колку пати сум ти кажал да не го оставаш лебот непокриен?
– – – – – – –
Командирот на полициската станица ги подредува полицајците во строј и им вели:
– Мииирно! Значи, утре во десет часот! За тие со електронски часовници – во илјада!
– – – – – – –
Мажот се спрема за лов. До пушката го става шишето ракија. Жената со кавгаџиски тон:
– Да не ја заборавиш ракијата а?
– Не! Да не ја заборавам пушката!
– – – – – – –
Сообраќајка.
– Имате среќа. Јас сум доктор! – му вели едниот возач на другиот.
– А Вие ич немате среќа. Јас сум адвокат!
– – – – – – –
– Те сакам! Не можам да живеам без тебе!
– Зошто ми го кажуваш? Постирај го, како нормалните луѓе!
– – – – – – –
Дедо оди на контрола кај матичниот доктор:
– Докторе, откако ги пијам новите апчиња, се ми се среди точно по часовник! Во 7 мочам, во 7:15 голема нужда, в 7:30 се будам.
– – – – – – –
Згодна девојка стои зад еден штанд во супермаркет и промовира цигари:
– Добар ден, пушите ли?
– Само после с*кс.
– Да ви предложам цигари?
– Брзаш!
– – – – – – –
Сине, каква е таа единица по музичко? Ај донеси го учебникот и шишето со ракија, да ти покаже тато како се пее…
– – – – – – –
– Киро, жена ти да не живеела во Франција?
– Не бе, едни копилиња од маалото ја научиле…
– – – – – – –
Автомханичар сум. Две години собирав пари за да одам на автосаемот во Женева. Отидов. Незаборавно! Детално го разгледав она што никогаш нема да возам и со она што никогаш нема да си легнам.