Сојузот на руски вештерки и јасновидци формираше „круг на моќта“ во вторникот да ги мобилизира своите натприродни моќи во поддршка на претседателот Владимир Путин.

Десетици самопрогласени вештерки стоеја една покрај друга за да го изведат ритуалот, за кој велат дека е еден од најмоќните на сојузот, во Москва.

Облечени во црно, читаат магии и пееле магични песни во обид да го поддржат 66-годишниот руски лидер и да му помогнат да ги порази неговите непријатели. Алеона Полин, шеф на сојузот вели дека целта на собирот е користење на окултното за подобрување на квалитетот на животот на Русите, што ќе го направи светот подобар. Ова значи заштита и насочување на Владимир Путин по вистинскиот пат, според Полин.

Податоците од руското Министерство за здравство покажуваат дека во земјата живеат околу 800.000 луѓе кои живеат преку народно лекување, практикување на магии или други слични занимања во 2017 година.

Сподели на Facebook
пати видено