„Магично чистење“ на Мари Кондо е книга која научила милиони луѓе ширум светот да ја исчистат куќата и животот. Таа била преведена на многу јазици и целта ѝ е да ви помогне да се ослободите од непотребните нешта и на крајот да се опкружите само со оние работи кои го „допираат“ вашето срце.
Прво треба да се ослободите од непотребно еднаш и засекогаш
Да се донесе во совршен ред куќата, треба да престанете да ги префрлате работите од едно место до друго. Треба да определите дали толкава количина на работи ви е потребна за да функционирате во тој простор. Како резултат на тоа, ќе можете да направите простор за вистинските работи и да создадете само ваш простор.
1. Дали овие нешта будат радост кај вас?
Земете ги сите работи во предвид и запрашајте се само едно прашање: „Дали ова ме прави среќен/а?“ Оставете го само она што ви дава светли позитивни емоции. Опкружете се со светот на нештата што ви даваат самодоверба и моќ. И ова се однесува на сè: од јакни и здолништа до книги и фотографии.
2. Соберете ги работите од една категорија
Грешката на многумина е тоа што ги уредуваат просториите и бескрајно се сопнуваат на истите работи, без да сфатат кој е нивниот вкупен број. Мари Кондо советува да ги соберете сите работи од една категорија заедно и само тогаш да одлучите што да замине и што не. Така може да се процени вкупниот износ на нештата и да се остават само најдобрите.
3. Вертикално складирање
Основниот принцип на складирање, кој Мари Кондо „измислила“, е вертикално складирање. Ако поставите нешто вертикално, тогаш не може да се заборави. Тоа не останува под куп други работи и продолжува да биде користено, како што е прикажано овде.
4. Производи
Основните прехранбени производи се продаваат во шарени кутии, конзерви и шишиња. Заедно, овие пакети создаваат „информативен шум“ кој го напаѓа лицето само ако влезе во кујната или ја отвори вратата од плакарот. Но, ако ги отстраните етикетите или ги префрлите производите во „чист“ сад, „шумот“ ќе исчезне сам по себе. И полиците, како што е прикажано овде, изгледаат многу подобро.
5. Облека
Најважно во складирањето на облеката е да поделите сѐ во сезони и да видите што носите, а што не. Исто така добро е да ја чувате облеката со иста боја една до друга, за да имате во предвид да не купувате облека во иста боја постојано. Најдобро е на закачалките долгата облека да е на левата страна, а кратката на десна, за да имате подобра прегледност.
6. Чанти
Празнете ја чантата секој ден. Исто така добро е да ја менувате чантата за другата да може да „одмори“. Торбите најдобро е да ги ставате една во друга, а за чантите монтажните организатори се одличен начин да се заштеди на простор.
7. Фотографии
Голем број фотографии – ова е уште еден извор на неред. Со цел да се потсетите на важните моменти во животот, едноставно поставете само неколку фотографии.
8. Книги
Постојат две категории на книги кои вреди да се ослободите: оние што сте ги прочитале и заборавиле, и оние што се каните да ги прочитате веќе подолго време. Првите веќе ја исполниле својата функција. Откако ќе се ослободите од вторите ќе сфатите дали вреди да им се вратите. Книгите кои се достојни за „Булеварот на славните“ треба да останат во вашиот дом.
9. Работно место
Вашето работно место треба да ви помогне во вашата работа. Секогаш треба да биде празно од едната страна, а на другата да го има она што ви е потребно. Добро е да имате вертикални држачи на папки кои ќе ви заштедат простор.