Во деветнаесеттиот век, европските правила на однесување во општествените слоеви над главната маса на селани и работници биле строго регулирани. Особено ова се однесувало на односот меѓу дамите и господата.

Доколку еден господин посетувал дама тој морал да ја земе шапката, чадорот или бастумот со него во дневната соба и да ги држи во рацете кога ќе се сретне со домаќинката. Оставањето на овие работи во ходникот се сметало за лоши манири и непристојност бидејќи само најблиското семејство го имало тоа право.

На овој начин тој би покажал сигурност дека домаќинката би го примила и така едноставно се натрапувал. Да се излезе пред дама без цилиндар во рацете се сметало подеднакво срамно како да се излезе пред неа без гаќи. Само кога ѝ ја бакнувале раката на дамата ги ставале овие предмети на најблиската маса или стол. На заминување џентлменот си ја ставал шапката на глава во салонот, но не смеел да го направи тоа во присуство на дама.

Кога џентлменот одел на прошетка, со коњ или пешки, заедно со една дама, тој секогаш требал да биде од страната на патот така што таа морала да биде заштитена од непријатни изненадувања од страна на минувачите и возилата.

Кога еден господин ќе сретнел позната дама во паркот или на улица тој треба да чека таа прва да го поздрави или да климне со главата. Исто така тој ја кревал шапката како знак за поздрав. Во спротивно доколку тој прв ја поздрави може да ја компромитира дамата. Џентлменот исто така не смеел прв да ѝ се обраќа додека таа не почне прва да му зборува. Причината била иста – за да не се компромитира.

Во случај господинот на сретне на улица дама која добро ја познава тој не треба да стои на улицата и да зборува со неа туку треба да ја прати малку во насоката во која таа тргнала. Тогаш било непристојно да се стои на улица и да се зборува.

Кога се качувале по скалите џентлмените требале да одат пред дамата кога се качувале нагоре и зад дамата кога се симнувале, така не доаѓале во „искушение“ да гледаат под фустанот на жената.

Кога изнајмувал кочија во друштво на дама, џентленот секогаш седел со грбот свртен кон правецот во кој се движи кочијата. Тој не смеел да седи до дамата освен ако таа не е негова сопруга, сестра, ќерка. Кога излегувале од кочијата тој бил обврзан да и помогне да се симне за да не ја извалка облеката.

Во театар, на концерт или музичка сала, џентлменот требал да влезе прв и да ги најде вистинските места за себе и неговата дама.

Еден џентлмен секогаш требал да биде претставуван на една дама, а не обратно. Се подразбирало дека тој треба да каже дека му е „чест“.

Џентлмените никогаш не требале да пушат во присуство на дами.

Сподели на Facebook
пати видено