Им симнуваме капа на луѓето кои вишокот пари ќе решат да го искористат за вака хумано дело, кое ќе ѝ помогне на планетата Земја.
Кјел Инге Роке е норвешки милионер кој ја финансира изградбата на најголемиот брод во светот за отстранување на пластика од океанот. Бродот „REV Ocean“ ќе биде завршен во 2021 година, а ќе може да собира по околу 5 тони пластика дневно.
Бродот е замислен како огромна, подвижна научна лабораторија, со место за дури 60 научници и 40 членови на екипажот за подводни истражувања. Но планирани се и 36 гости, како и екипаж од 54 луѓе за приватните екскурзии на гостите. Генијалноста се состои во тоа што од парите што ќе ги плаќаат гостите би се финансирала експидицијата.