Македонски борач се бори во финалето на Олимписките игри. Противникот го фатил така што е невозможно да се ослободи. Нашиот се маче, се бори, но никако да се ослободи. Изгледа дека тушот е неизбежен. Но, наеднаш, нашиот скокнува, прави салто во воздухот, го фаќа противникот и го тушира. Го освојува златото. Се враќа во Македонија и сите почести, награди, признанија, гостувања на ТВ, дури и претседателот го викнал во вилата Водно. Отишол борачот кај Претседателот, тој му дал признание и го прашал:
– Одлично е ова што освои злато за Македонија на Олимпијадата, но многу ме интересира како успеа да се ослободиш од таква безизлезна ситуација. Мора да ми ја откриеш тајната.
– Ќе ви ја откријам, господине Претседател. Како што ме беше фатил противникот, во еден момент гледам пред мене две топки. Си велам и така и така немам излез, ќе ги каснам да видам што ќе се случи.
– Значи вие му ги каснавте топките на противникот?
– И јас мислев дека се неговите, а потоа сфатив на што е способен човек, кога ќе си ги касне сопствените топки.