Еден човек изјавил дека планира да ги тужи своите родители во Индија затоа што го создале без негова согласност. Рафаел Самуел рекол дека имал „одлични односи“ со своите родители, но го споредил раѓањето на децата со „киднапирање и ропство“.

27-годишниот маж од Мумбаи е „антинаталист“ кој верува дека е погрешно да се донесе дете на овој свет само за задоволство на неговите родители.

Антинаталистичкото движење, кое претставува филозофско размислување дека раѓањето е нешто негативно, во Индија зема поголем замав, бидејќи помладите луѓе се спротивставуваат на општествениот притисок да имаат деца.

„Ги сакам моите родители и имаме одлична врска, но тие ме создале за нивна радост и задоволство. Мојот живот беше неверојатен, но не гледам зошто треба да ставам уште еден живот да поминува низ училиште, кариера, особено ако никогаш не побарал да постои.“, вели Рафаел.

Тој на една слика напишал „Родителите се лицемери. Еден добар родител го става детето над своите желби и потреби, но детето е желба на родителот.“

Некои антинаталисти велат дека размножувањето ги исцрпува ресурсите на Земјата и дека треба да се избегне размножување поради еколошки причини.

Сподели на Facebook
пати видено