Оваа зима хит видеа ми се:
„Кученце прв пат во животот гледа снег“, „Дете прв пат во животот гледа снег“ и „Македонија пат прв пат во животот гледа снег!“
– – – – – – –
Мажената ќерка ѝ се јавува на мајката:
– Мамо, овој мојот неблагодарник Митко не сака да го јаде гравот!
– Ќерко, објасни му колку си се мачела додека си го варела.
– А треба ли и да го варам?
– – – – – – –
– Комшија, имаш ли француски клуч 10-ка?
– Имам! Ама знаеш ли зошто имам?
– Зошто?!?
– Затоа што не го давам!
– – – – – – –
– Гледав во хороскопот, идеални сме еден за друг!
– А во огледалото, гледаше ли?
– – – – – – –
– Која е разликата од паѓање од првиот и последниот спрат?
– Во првиот случај се слуша „Туп… Аааа“, а во вториот „Аааа… Туп“
– – – – – – –
– Докторе – што покажаа испитувањата?
– Покажаа дека жена ви е бремена.
– Ама како така? Јас толку многу пазам и внимавам?!
– Абе тоа ти е како со сообраќајќите – ти пазиш ама другите не.
– – – – – – –
2030 година:
– Кам мај лејди, кам кам мај лејди, јуар мај батерфлај, шуга бејби…
– Бабо, некоја друга приспивна песничка знаеш ли?
– – – – – – –
Дедото гледа порно. Бабата го забележува и му вели:
– Да знаеш, ако те стегне срцето, таа ку*вата да те води во болница, а не јас!
– – – – – – –
– Жена ти вика ли за време на с*кс?
– Вика.
– Е па нека ме викне некогаш и мене.
– – – – – – –
– Жена ти вика ли за време на с*кс?
– И тоа како… ја разбуди цела населба пред некоја вечер кога ме фати со комшивката.
– – – – – – –
– Тато, што е тоа крокодил?
– Еј кога спомна крокодил, трчај брзо до продавницата да купиш леб, зошто мајка ти сега ќе се врати од работа.