Тинејџер станал милионер преку ноќ откако финансиската институција Nationwide blunder направила грешка и го „зголемила“ чекот уплатен за него од страна на неговата баба.
Дејн Галеспи од Белфаст, Англија, открил дека на неговата сметка има 8,9 милиони фунти, „малку“ повеќе отколку што имал претходниот ден. Каролин, мајката на 18-годишното момче го потсетила да провери дали поминал чекот од 8.900 фунти, кој бил подарок од неговата баба.
Мајката на Дејн вели дека кога тинејџерот сфатил колкава сума на пари има на својата сметка ѝ кажал: „Ќе си порачам порше!“, но Каролин го смирила и му кажала дека тоа не се негови пари и дека ситуацијата треба да се расчисти. За жал возбудата на тинејџерот не траела долго, од Nationwide blunder набрзо ја сфатиле грешката и по неколку часа неговата сметка се вратила во нормала.
Каролин вели дека е среќна што нивниот син им кажал за грешката, бидејќи можел да почне да ги троши парите и да си направи проблеми.