Медицинска сестра од северозападна Кина ги допре срцата на милиони луѓе низ светот откако се појави видео и фотографии каде што таа теши 2-годишно момче и го заспива, пред да започне операцијата, од која момчето многу се плашело.
Медицинската сестра Ма Тонгјан се играла, го гушкала и милувала детето за да на крајот успее да го смири целосно, пред да му да му биде ставена анестезијата.
2-годишниот Хуан Хуна требал да има операција на ингвинална хернија во долниот дел на стомакот и почнал да плаче штом бил пренесен во салата за операции. На видеото и фотографиите се гледа како Ма трпеливо го теши детето и му дозволува да заспие во нејзините раце.
Операцијата поминала одлично и сега малото дете се опоравува. Мајката на детето ѝ се заблагодарила на медицинската сестра поради нејзината човечност и професионалност.