Кјемјира Клонгсанун забележала како останатите маратонци избегнуваат мало кученце на патот за време на маратонот во Тајланд. Таа решила да застане и да го земе во раце кученцето кое се тресело од страв.
Бидејќи немало други луѓе или куќи наоколу 43-годишната жена претпоставила дека животното се изгубило или е напуштено. Тогаш таа одлучила да направи смел и хуман потег.
Таа го земала кучето и продолжила да трча уште 30 километри со него за да го заврши маратонот. Публиката ја подржувала, а останатите учесници ја гледале и изненадено се насмевнувале. Кјемјира ја поминала целта заедно со малото кученце.
Според неа кученцето е старо само неколку месеци. Жената решила да го посвои кучето и му го дала името Чомбуенг, според името на маратонот за време на кој го пронашла. Сега малото куче живее заедно со неговите двајца нови „постари браќа“ кои веднаш го прифатиле.