Денес додека чекав автобус слушнав една мајка како ѝ објаснува на својата 5-годишна ќерка:
– Најдобрата пејачка е Сузана Гавазова, маме. Таа пее многу длабоки песни, елегантно се облекува и е најталентирана на нашата естрада. Кога ќе пораснеш, сонувам да станеш како неа…
Ја слушам мајката, а грутка горчина се собира на дното на мојата душа. Почнав да размислувам како ние ги воспитуваме нашите деца, какви генерации ќе создадеме, каков пример им даваме… Значи… Секој нормален човек знае дека најталентираната и најелегантната пејачка на естрадата е Сања Барбика!