Венди Чуп од Колорадо заедно со своите две деца и нивното куче се враќале од Денвер дома, но поради снегот сообраќајот не можел да функционира и семејството било принудено да остане во автомобилот повеќе од 4 часа.
Сепак Венди не дозволила околностите да ѝ го уништат расположението и решила да ги расположи и нејзините тинејџери така што почнала да пее и игра на песната „Everybody“ од Backstreet Boys.
Децата малку засрамени и насмеани се расположиле и наскоро го продолжиле патот. За среќа семејството безбедно стигнало до својата дестинација, па имале време да одат на ручек. Венди не се надевала дека видеото ќе стане толку познато и изјавила дека тоа го направила за да ги расположи своите деца.