Било да се работи за бакнеж во образ или за страсен љубовен бакнеж, еве сѐ што не сте знаеле за бакнувањето.
1. Повеќето луѓе поживо го помнат својот прв бакнеж отколку својот прв сексуален однос.
Џон Боханон од универзитетот Бател прашала 500 луѓе за нивното сеќавање на важните искуства од животот, вклучувајќи го и првиот бакнеж и губењето на невиноста. Бакнежот е на прво место по деталите во сеќавањето.
2. Никој не е сосема сигурен зошто го правиме тоа.
Разменувањето плунка е чудна активност. Тогаш зошто е толку популарно? Најраширената теорија е дека бакнувањето е начин кој луѓето го развиле за размена на биолошка информација за тоа дали нашиот партнер ќе биде квалитетен партнер за основање на семејство.
3. Може да ви го спаси животот.
Според едно истражување спроведено во осумдесеттите, мажите кои ги бакнуваат своите жени пред да заминат на работа живеат подолго и имаат повисоки примања од мажите кои не го прават тоа.
4. Не е застапено во секоја култура.
Антрополозите откриле дека некои култури во Азија, Африка и Јужна Америка воопшто не се бакнуваат. Дури и кај некои култури кај кои тоа се прави, се избегнува бакнувањето на јавни места – а во некои места (вклучувајќи и делови на САД), бакнувањето на јавно место е законски забрането.
5. Некои луѓе дури се ужасуваат од бакнувањето.
Првиот бакнеж секого чини нервозен, но за некои луѓе таа анксиозност никогаш не исчезнува. Хроничниот страв од бакнување се нарекува филемафобија.
6. Нѐ одржува здрави.
Покрај тоа што прави да се чувствуваме добро, неколку истражувања покажале дека бакнувањето помага во одржувањето на нашето здравје. Разменувањето на бактерии кои се наоѓаат во устата го зајакнува имунитетот, а вишокот плунка која се лачи при бакнувањето ја плакни штетната бактерија, додека зголеменото срцебиење предизвикува ширење на крвните садови, што го намалува крвниот притисок.
7. Двајца од тројца ја вртат главата в десно кога се бакнуваат.
Луѓето почесто ја вртат главата на десно при бакнувањето, известува научнотото списание „Природа“. Научник од универзитетот Рур во Германија анализирал 124 пара бакнувачи и открил дека 65 проценти од нив ја вртат главата в десно.
8. Двојката која може и вас да ве надбакнува.
Ова се Екачаи и Лаксана Тиранарат од Тајланд. Во 2013г. влегле во историјата бакнувајќи се точно 58 часа, 35 минути и 58 секунди на „Рипли верувале или не“, и во моментот го држат рекордот за најдолг бакнеж во светот.
9. Практична гимнастичка вежба за вашето лице.
Иако бакнувањето во најголем дел го ангажира мускулот околу вашата уста, во активноста се вклучени вкупно 34 мускули на лицето и 112 мускули на телото. Па така, воопшто не е за изненадување тоа што една минута бакнување согорува 26 калории.
10. Имаме специјални неврони кои ни помагаат да се бакнуваме во темница.
Во деведесеттите еден тим од универзитетот Принстон открил дека некои неврони во мозочната кора имаат двојна функција: тие се одговорни за чувството за допир и за визуелната свесност за просторот кој е веднаш до вашето лице. Ова можеби е објаснување како можете да ги најдете усните на вашиот партнер кога ќе се изгаснат светлата.
11. Сѐ е хемија, бејби.
Бакнувањето ги ослободува истите невротрансмитери (хемиски гласници на мозокот) како тие кои се ослободуваат кога напорно вежбате или кога земате стимулативни дроги како кокаин. Ова причинува вашето срце да бие побрзо, а вашето дишење станува длабоко и неправилно.
12. Помага да се намали стресот и прави да се чувствуваме безбедно.
Со тек на времето, бакнувањето го намалува нивото на хормонот за стрес кортизол, правејќи ве да се чувствувате безбедно и сигурно. Колку подолго сте со некој, толку повеќе опаѓа нивото на овој хормон.