Понекогаш некои луѓе сакаат да фрлаат камење по другите луѓе, но понекогаш каменот може да се одбие и да ги удри право во главата. Мелиса Скругс е жена од Калифорнија која неодамна кога станала од спиење забележала огромен камен кој го блокирал нејзиниот автомобил.
Тоа било дело на нејзините пијани соседи. Но, веројатно заборавиле дека Мелиса е вулканолог. Таа буквално проучува карпи, во моментов спрема докторат во оваа поле.
Црвенокосата Мелиса веќе 3 години живее во зграда каде што има уште неколку студенти кои го спремаат својот докторат, но во јуни 2018 година во зградата се доселиле неколку бруцоши, кои сакале да прават прилично бучни забави. На Мелиса и останатите станари не им пречеле толку забавите се додека не правеле неред во дворот. Сепак мирот не траел доволно долго.
Мелиса ги замолила нивните пријатели кои доаѓаат на забавите да го ослободат паркингот пред 7:30 наутро за да може таа со автомобилот да излезе и да оди на работа. Студентите ова не го сфатиле сериозно и за да се шегуваат со неа почнале пред автомобилот да ѝ ставаат огромен камен.
Бидејќи Мелиса е мала жена таа не можела сака да го крене каменот и кога барала помош од нив тие не ја отворале вратата. Мелиса која е вулканолог го трпела ова однесување 2 недели и кога повеќе не можела да издржи смислила начин да им се одмазди.
Кога уште едно утро каменот бил оставен пред нејзиниот автомобил Мелиса земала хилта и решила да го „среди“ каменот на „професионален“ начин. Ова не е прв пат Мелиса да ракува со ваква алатка, но секако е прв пат тоа да го прави во дворот во 7:30 наутро. Таа вели дека специјално чекала да помине 7 часот затоа што по 7 часот се дозволени „градежните работи“.
Мелиса вели дека нејзините соседи оттогаш ја гледаат како да е „луда жена“, но затоа вели дека повеќе нема проблеми со паркирањето.