Рајан, синот на Мет Мак е роден 9 недели пред планираното и поминал 6 недели во болница пред конечно да го однесат дома. Неговото семејство се шегувало дека бебето всушност излегло порано затоа што е многу напредно, па неговиот татко дошол од идеја да му направи една „напредна“ фотосесија, со малку помош од фотошоп.
Тој го претставува малиот Рајан во „мажествени“ ситуации кои се карактеристични само за возрасните. Мет посочува дека Рајан во ниту еден момент не е во опасност и дека секоја „видлива“ опасност е само илузија на фотошоп.