На 24-ти февруари ќе се одржи 91-та церемонија на доделувањето на Оскарите, во Лос Анџелес, а веќе се објавени номинираните кандидати. Ние ќе ви ја прикажеме листата на кандидати кои ќе ги држат сите во неизвесност до церемонијата на доделување на наградите.
Во меѓувреме, можете да проверите дали филмот кој ве воодушеви во 2018 година е дел од оваа листа или пак треба да погледнете некој од овие неверојатни филмови со одлични актерски екипи.
Најдобра актерка во главна улога
- Јалица Апарисио, „Рома“
- Глен Клоуз, „Сопругата“
- Лејди Гага, „Ѕвездата е родена“
- Оливија Колман, „Фаворитот“
- Мелиса Мекарти, „Ќе ми простиш ли некогаш?“
Најдобар актер во главна улога
- Кристијан Бејл, „Заменик“
- Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
- Вилем Дафо, „На портите на вечноста“
- Рами Малек, „Боемска рапсодија“
- Виго Мортенсен, „Зелената книга“
Најдобра актерка во споредна улога
- Ејми Адамс, „Заменик“
- Марина де Тавира, „Рома“
- Реџина Кинг, „Ако улицата Бил можеше да зборува“
- Ема Стоун, „Фаворитот“
- Рејчел Вајс, „Фаворитот“
Најдобар актер во споредна улога
- Махершала Али, „Зелената книга“
- Адам Драјвер, „Црн член на Кју-клукс клан“
- Ричард И. Грант, „Ќе ми простиш ли некогаш?“
- Сем Роквел, „Заменик“
Најдобар филм
- „Рома“
- „Црниот пантер“
- „Црн член на Кју-клукс клан“
- „Боемска рапсодија“
- „Фаворитот“
- „Зелената книга“
- „Ѕвездата е родена“
- „Заменик“
Најдобар анимиран филм
- „Неверојатните 2“
- „Остров на кучињата“
- „Мираи“
- „Ралф го крши интернетот“
- „Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“
Најдобар странски филм
- „Капернаум“
- „Студена војна“
- „Крадци“
- „Never look away“
- „Рома“