Капетан Џек Спероу – идол на повеќето тинејџери. Да, сите тие му се восхитуваат на веселиот капетан, но реалноста е сосема поинаква – всушност, пиратите се далеку од безгрижните авантуристи што ги гледаме на телевизија и во кино. Во минатото, пиратите имале репутација на жестоки убијци кои носеле огромен бес, ограбувале и убивале секој кој ќе им се нашол на патот.

Покрај тоа, пиратите вовеле неколку трендови – превез на окото, дрвена нога, носење обетки и така натаму. Сепак, има уште многу работи што не ги знаете за пиратите. Еве некои интересни факти за пиратите кои веројатно не ги знаете:

Пиратско знаме

Чарлс Џонсон е првиот што ќе го спомене Пиратското знаме. Година е 1724, а место – книгата „Општа историја на пиратите“. Иако популарната верзија на знамето е череп со испреплетени коски, различни варијации се измислени со текот на годините.

Црнобрадиот

Вистинското име на Црнобрадиот било Едвард Тијч. Неговиот прекар доаѓа од неговата бушава црна брада. Неговата репутација го престигнува – Црнобрадиот е најозогласениот вистински пират во историјата. Работел како господин со благородни манири и облека, но тоа не треба да ве доведе во заблуда. Сите се плашеле да доближат Карипско Море – местото каде Црнобрадиот се борел меѓу 1716 и 1718 година, пред да умре во борба.

Жените

Не било задолжително пиратите да се само мажи. Ен Бони и Мери Рид се најпознатите жени пирати кои историјата ги познава. Тие биле запомнети по непокорното однесување, насилниот темперамент и по тоа што се облекувале како мажи.

Рум

Идејата за Рум доаѓа од интересно место. Се започнало од Британците. Во почетокот британската морнарица дистрибуирала вода разредена со рум за да спречи водата да не се пие со алги. Пиратите го следеле нивниот пример. Факт е дека и помогнало тоа што на Карибите Рум имало во изобилство и вишок. Пиратите дури го измениле малку рецептот и почнале да додаваат и малку лимонов сок во румот бидејќи верувале дека така ќе се заштитат од подмолниот во тоа време скорбут.

Накитот

Спротивно на популарното мислење, пиратите не носеле накит поради уште еден измислен каприц. Златните обетки кои скоро сите пирати ги носеле биле надеж дека некој ќе ги продаде откако ќе умрат за да им ги покријат трошоците за пристоен погреб.

Превез на окото

Немале сите пирати повредено око. Повеќето пирати носеле превез врз окото, за да едното око би можело да научи да се прилагодува на светлината, а другото во темнина. Целта била на научат подобро да ги разликуваат облектите со двогледот.

Пленот

Според современото кино, пиратите краделе злато, скапоцени камења и сребро. Сепак, ова не е случај. Во минатото, бродовите претежно носеле дрво, текстил и животински кожи. Затоа пиратите го краделе ова, заедно со најбараните резерви – храна, оружје и алкохол. Повремено, тие доаѓале до накит. Сепак, ова било ретко. Иако модерните времиња знаат за безброј легенди за морските богатства на пиратите.

Сексот

Патувањата на пиратите често траеле со месеци. Ова предизвикувало двајца мажи да можат да се вклучат во сексуални односи. Првиот доказ за геј бракови меѓу пиратите датира од 1600 година. Правата на хомосексуалните двојки биле релативно големи – тие може подеднакво да го поделат својот плен, разменувале прстени, а во случај еден од нив да умре, другиот добивал компензација.

Црвено знаме

Црвеното пиратско знаме било уште страшно од черепот и испреплетените коски. Причината била едноставна – црвеното знаме значело дека кога бродот бил киднапиран, нема да има милост. Секој кој покаже и малку отпор ќе биде убиен веднаш.

Цезар и пиратите

Се вели дека дури и Јулиј Цезар се здружил со пиратите. Уште во младоста, Цезар западнал во пиратско заробеништво, но наместо вообичаената практика да убијат, пиратите решиле да побараат откуп за неговиот живот. Бидејќи Јулиј бил Римјанин, кој доаѓал од богато семејство, тие побарале откуп од 20 таланти злато (денес се изедначува на околу 200 000 долари), но Цезар ги наговорил да побараат двојно повеќе. Поминал еден месец и кога пристигнале парите, тој бил ослободен. Цезар сепак не ја заборавил огромната навреда и по некое време собрал голема војска и ги убил пиратите.

Сподели на Facebook
пати видено