Сите сме слушнале дека никогаш не е предоцна да го промените текот на вашиот живот. И ако барате некоја инспирација да го направите токму тоа ви ја претставуваме Инге Гинсберг, сега 96-годишна жена од Австрија, која пред три години стана водечка пејачка на метал група.

Инге била писателка целиот нејзин живот. Па зошто тогаш метал бенд?

„Не можам да пеам. Не можам да носам мелодија. Што значи хеви метал ми одговара бидејќи можам да ги кажам само зборовите.“, вели Инге. Таа објаснува дека во одреден момент од животот се чувствувала дека никој не сака да ја слуша и дека општеството не е заинтересирано да слуша нешто од постарите лица.

Тогаш нејзините помлади пријатели смислиле идеја како нејзиниот глас да биде слушнат и успеале да ја убедат да се обиде да ги пренесе своите песни со помош на хеви метал музиката. Тогаш Инге добила големо внимание од луѓето. Светот брзо ја засака оваа еврејска баба која „вреска“ поезија на англиски и германски.

Нејзиниот бенд се вика „Inge & the TritoneKings“. Но, ова не е „највозбудливиот“ дел од нејзиниот живот. Инге била родена во богато еврејско семејство, но војната им земала сѐ. Тие го продале богатството за да избегаат во Швајцарија и Инге работела како домаќинка во американска вила која служела како штаб за шпијунажа на Нацистите.

Нејзиниот прв сопруг бил конпозитор и заедно со него се преселила во Лос Анџелес, САД, во Холивуд, каде што, затоа што знаела да свири на пијано, заедно компонирале песни. Таа вели дека животот во Холивуд бил лажен и го напуштила сопругот и САД и се вратила во Австрија.

Таа вели дека во нејзиниот живот најмногу ја цени слободата. И додека се приближува кон 97-мата година од својот живот, таа вели дека не жали и не размислува за она што другите мислат за нејзината определба. „Искрено драги мои не ми е гајле, ама воопшто не ми е гајле.“, вели Инге.

Сподели на Facebook
пати видено