Кога одите на одмор кој сакате да го паметите до крајот на животот треба добро да се организирате. Празниците веќе завршија и сега е одличен период да испланирате каде би сакале да одите оваа лето. Патем може поевтино да ви излезе.
Иако овие хотели се наоѓаат на прилично егзотични дестинации, кои ретко кој може да си ги дозволи, сепак вреди да се погледне убавината која што ја нудат хотелите и самата локација.
Манта одморалиште, Танзанија
Подводните соби во оваа одмаралиште ќе ви до дадат посакуваното искуство од подводниот свет.
Сала Силвермаин подземен апартман, Шведска
Се наоѓа 155 метри под земја во историски рудник за сребро во Шведска, така што нема сигнал за мобилен телефон.
Скајлоџ апартмани, Перу
Добивате поглед од 440 метри од кабината над Светата долина на Перу.
Висечките градини на Бали, Индонезија
За оние кои сакаат да бидат во дивината, ова е место што не треба да го пропуштат.
Ту Ту “Tун Ложа, Орегон, САД
Ова е идеално место за релаксација и одмор од цивилизацијата.
Какслаутанен Арктикот одморалиште, Финска
Неверојатен поглед кон поларната светлина е само една од предностите на оваа одмаралиште. Исто така нудат голем број на зимски спортови, а ако сакате да се чувствувате како Дедо Мраз можете и да се возите со санки.
Ладера одморалиште, Света Лусија
Ако уживате во животот во џунглата, ова одморалиште е за вас. Со поглед на познатите питонски планини, прекрасното Карипско Море, и опкружено со густа шума, ова место е толку магично колку што можете да го сонувате. И со простории во кои има само 3 ѕида, а четвртата страна е отворена и изложена на неверојатната природа, можете да очекувате неочекувани гости од шумата.
Бамбу Инда, Бали
Водата некако му дава посебен шарм на секој хотел. Овој хотел во Бали нуди посебни колиби поставени над езеро кои имаат стаклен под преку кој можете да го следите подводниот свет.