Има една стара поговорка: пронајдете нешто што сакате да го правите и пронајдете начин да бидете платени за да го направите тоа.
Додека изреката веројатно не е наменета да биде толку буквална како што звучи, ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека постојат луѓе кои, всушност, успеваат да заработуваат за живот само со тоа што прават работи кои се дел од секојдневието и би требало да бидат бесплатни.
1. Возење на тобогани
Голем број на синџири на хотели и туристички агенции им плаќаат на луѓе да ги испробаат тобоганите и да направат рецензии на нив на веб страни за патување и за ова добиваат пари.
2. Гледање на Нетфликс
Netflix е многу популарен во САД, а сега почнува да се шири и низ Европа. Всушност тие вработуваат луѓе чија што задача е цел ден да гледаат серии на Нетфликс и да даваат информации кои подоцна ќе им се корисни на луѓето. Исто така треба да внимаваат на нивото на насилство и голотија.
3. Водење на Бинго-турнир
Иако мислевте дека Бинго е само за пензионери голем број на казина вработуваат „Бинго менаџери“ кои треба да управуваат и да ја набљудуваат играта. Како и да се погрижат парите да стигнат до вистинскиот добитник.
4. Џвакање на мастики
Овие луѓе им помагаат на компаниите кои произведуваат мастики да откријат нов вкус или пак да го подобрат квалитетот. Нивната плата може да достигне и 107.500 долари годишно.
5. Јадење чоколадо
Исто како и за мастиките компаниите вработуваат луѓе кои ќе го пробуваат нивното чоколадо и ќе го оценуваат квалитетот. Сепак тие јадат во мали количини и треба да ги плакнат устата за да не се измешаат вкусовите.
6. Фотографирање и продавање на фотографиите
Многу луѓе сакаат да фотографираат тогаш зошто да не заработите нешто од тоа. Со прикачувањето на фотографиите на iStockPhoto или Shutterstock некој можеби ќе ви ги купи фотографиите и ќе заработите некој денар.
7. Да се биде нечиј привремен пријател или член на семејството
Места како Rent-A-Friend им дозволуваат на луѓето да станат регистрирани „пријатели“ кои се платени од луѓе кои сакаат малку друштво. За оние кои сакаат да одат чекор понатаму, постојат компании во Јапонија кои им овозможуваат на луѓето да изнајмат цели семејства.
8. Присуство на нечија свадба (или други животни настани)
Доколку младенците сакаат многу гости на свадбата, а немаат толку пријатели можат да изнајмат луѓе да им бидат гости. А исто така не мора да станува збор само за обични гости, туку можат да се изнајмат и деверици.
9. Пазарење за други луѓе
Постојат многу луѓе кои од некоја причина не можат да ги напуштат своите домови за да одат и да пазарат прехрамбени продукти. Затоа постојат луѓе кои ќе го направат ова наместо нив.
10. Спиење
Работата навистина не може да биде полесна од ова. Ова е работа што можете да ја направите во сон … затоа што буквално сте платени за спиење! Постојат различни причини за луѓето да се најмат за спиење: научни студии, тестирање на кревети, па дури и специјални уметнички емисии.
11. Слушање на музика
Многу луѓе сакаат да слушаат музика додека ги вршат своите домашни работи и ако имаат среќа, додека работат. Има неколку места кои всушност ќе ве платат да слушате музика како Slicethepie, MusicXray, FusionCash, HitPredictor и Welocalize. Овие места бараат да им оставите рецензија или да се преплатите.
12. Придржување до секојдневна рутина за вежбање
Луѓето честопати чувствуваат дека поради работата немаат време да вежбаат. Постојат места кои всушност ќе ви платат да изгубите тежина во целната група на тежина како HealthyWage и Dietbet. Овие места заработуваат пари од студии за намалување на тежина и сл.