Мало момченце од Англија излегло на прошетка со своето 3-месечно кученце, Мела. Во еден момент повозрасно дете дошло до него и му го земало кучето од рацете на детето.
Малото дете продолжило нервозно да го следи крадецот, а откако почекал да поминат автомобилите крадецот почнал да бега заедно со кучето. По него тргнало и малото дете, но не успеало да го фати.
Детето било премногу разочарано и неговиот татко Александар решил да го објави случајот на Фејсбук каде што приказната станала многу популарна и започнала групна потрега по кучето. За благодарение на брзото ширење на веста, крадецот го оставил кучето и тоа било најдено и вратено кај малото детенце. Сепак крадецот не бил идентификуван.