Студиите докажуваат: сите луѓе го толкуваат она што го гледаат на различни начини. Перцепцијата зависи од индивидуата. Нашите очи се исти, но мозокот ги разгледува само оние детали што се најзначајни за нас.
Некои едноставни тестови ни помагаат да разбереме што е најважно за нас. Проверете што кажува за вас вашата перцепција со овој забавен визуелен тест.
1. Што гледате во прв план?
Зебра: Вие сте екстроверт. сигурно зборувате многу, сакате да се забавувате, сакате нови познаници и нови искуства. Рутината не е ваш стил.
Лав: Вие сте интроверт. Најверојатно сакате да го поминувате времето сами или во друштво на најблиските. Добра вечер за вас е чаша вкусен пијалок и неколку епизоди од вашата омилена серија или добар филм.
2. Што гледате во прв план?
Дрвја: Имате голема интуиција, која треба да ја слушате што е можно почесто. Уживате во тивки и релаксирачки активности и го поминувате поголемиот дел од вашето време во мир и тишина.
Тигар: „Не ја вознемирувај неволјата, сѐ додека неволјата не почне да те вознемирува тебе“. Имате силен и флексибилен ум, никогаш не се сомневате дека вашата одлука е единствената вистинска.
3. Што гледате во прв план?
Лице: Цврсто стоите на земја. Луѓето околу вас велат дека можете лесно да комуницирате, имате разбирање и дека сте искрена и грижлива личност.
Две фигури: Вие сте склони кон конкуренција. И тоа не е само за спорт или работа – вие сакате да бидете најдобри во сè што правите. Високите стандарди и амбициозните цели сигурно заслужуваат почит, но запомнете дека на патот кон достигнувањата е потребен и одмор.