„Мемињата“или, како што се изговараат на англиски „мим“ станаа многу популарни во денешното општество. Тие не престануваат да не засмеваат, а понекогаш и да ни ги стоплат срцата. Има многу луѓе кои се доволно среќни нивните баби и дедовци, па дури и прабаби и прадедовци да се жии и здрави. Па зошто да не ја споделиме оваа радост со другите?
Новото меме стана вирално во Кина, каде што луѓето ги прикажуваат 4 генерации на своето семејство, затоа што нели Кинезите се познати по својата долговечност. Овие видеа почнуваат со жена која ја вика мајка ѝ, а кога се појавува нејзината мајка, ја вика мајка ѝ, која исто така се појавува во видеото итн. Истото се повторува и со мажи. Сега мемето стана познато низ целиот свет.