Мери Борн Робертс ја избрала песната на која ќе танцува на нејзината свадба, заедно со нејзиниот татко, уште кога била дете, кога таа и нејзинот татко Џим танцувале на песната на Лин Ен Вомак „I Hope You Dance“ во кујната во 2000-тите.
Но, кога конечно овој добро извежбан танц требал да се случи на 29-ти декември во Алабама, тој не изледал како што си замислувала Мери.
Џим бил дијагностициран глиобластом, агресивна и неизлечива форма на рак на мозокот, кој обично доведува до смрт во рок од неколку месеци. Мрачната прогноза ја разочарала неговата ќерка и таа не знаела дали нејзиниот татко ќе дочека на присуствува на нејзината венчавка со вереникот Џејмс Бутс. Но кога таткото и ќерката ја добиле својата можност, тие ја искористиле секоја секунда.
Емотивниот танц ги довел сите гости до солзи, а и ние ви препорачуваме да си спремите марамчиња пред да почнете да го гледате видеото.